Бизнис
31. December 2015 - 12:40

Груевски: Во јануари очекувам објава на инвестиција во Велес со најмалку 1.000 вработувања

Објава на нова инвестиција во Велес со која ќе бидат отворени најмалку 1.000 работни места, очекува за следниот месец премиерот Никола Груевски.

Инвестицијата, како што вели, ќе се реализира со рестартирање на постоечки објект.

Во јануари очекувам објава на инвестиција во Велес која со рестартирање на постоечки објект ќе отвори нови 1.000 нови работни места, проект на кој подолго работиме, истакнува Груевски во новогодишното обраќање до јавноста.