Македонија
11. February 2017 - 21:47

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е партија што држи до дадениот збор, не прифаќаме нелогични работи

Ние од раководството на ВМРО-ДПМНЕ сме луѓе кои држиме до дадениот збор. Во кампањата кажавме дека нелогични работи нема да прифаќаме, изјави во интервју за ТВ НОВА, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Не сме против Албанците и тоа сме го покажале во многу наврати иако не оцрнија пред нив. Медиумите на Сорос силно не оцрнија. Понекогаш и албанските партии кога сакаа да покријат некоја своја неспособност, да остварат некои барања на луѓето, најчесто од економска природа, се повикуваа дека тоа е поради Груевски или поради ВМРО, дека ние нешто не сме дозволиле, не сме дале, сме спречиле, што е апсолутно неточно, изјави Груевски.

Груевски: Потребни ни се нови предвремени избори со јасен победник

Кризата продолжува, се менуваат одредени фази на таа криза и има одредени различности. Нам ни требаат предвремени избори со јасен победник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ НОВА.

„Ако загубиме со еден пратеник нема да бидеме недостоинствени како СДСМ, да играме политички партии, да се нудиме на сметка на националните и државните интереси, бидејќи и државата губи со нивните понуди. Нема да го правиме тоа. Доколку имаме еден пратеник помалку ќе се бориме во парламентот со сите демократски средства, во нема да бидеме како СДСМ. Изгубија, а излегоа на прослава и до ден денес велат победиле. Колкаво е тоа недостоинство. Потребни ни се превремени избори. Подобро е да биде појасна победата, чија и да е, но потоа да му се овозможи да формира Влада“, истакна Груевски.