Македонија
3. September 2017 - 19:45

Груевски: Владата на Заев се откажува од странските инвестиции

Владата на СДСМ не сака странски инвестиции и покачување на платите во Македонија, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој вели дека ако до неодмна се прашувал дали новата влада знае да привилекува странски инвестиции сега со сигурност тврди дека таа всушност  тоа не го сака.  

Груевски објави дека од 2006 година кога ја презел власта, до јануари 2017 година во Македонија инвестирале над 100 странски компании во висина од над 2,6 милјарди евра, а благодарение на тие странски инвестиции македонскиот извоз од 1,9 милјарди евра е зголемен на над 4 милјарди. Македонските фирми кои соработуваат со овие компании заработуваат околу 55 милиони евра годишно, пари кои остануваат во домашното стопанство.

-Над три месеци државата ја води владата на СДСМ. Резултатот на нови странски инвестиции е нула, како и бројот на новотворени работни места, истакна Груевски.

Тој вели дека за странските инвестиции не е клучно кое политичко раководство е на власт, но дека дали еден инвеститор ќе влезе во земајва многу зависи од односот на власта кон него, како и од посветеноста на владата кон компанијата.

- Ако некоја влада покачува даноци, открива деловни тајни, не дава субвенции, дали сака странски инвестиции? запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека Владата на заев преку демгошкжи изјави создава атмосфера дека странските  странските инвеститори добиваат многу, за разлика од домашните компании.

-Збирно за досегашни инвестиции колку донеле работни места т.е. 172 илјади нови рабтни места и дека исти услови и за домашни компании и дека не биле запоставени, рече Груевски.

Груевски наброи и  60-тина странски компании кои пред заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт биле пред финална одлука  за инвестирање во државата или проширување на постојните капацитети, а за кои според негови сознанија новата влада воопшто не се ангажирала. а со некои дури воопшто не ни контактирала.

-Државата нема време за губење, а реализцаијата дуплирање на заработка.... не препознава тим кој може да направи исчекор напред, истакна тој.

Груевски апелираше дека концептот што тој го градел не треба да биде напуштен поради политичка малциозност и тесноградост оти тоа би довело до несогледливи штети за македонската економија.