Бизнис
17. March 2017 - 19:32

Груевски: Ветувањата се исполнуваат и покрај кризата

Гасоводот Неготино Прилеп Битола се гради со предвидената динамика. Делницата ќе биде долга 92 километри, а инвестицијата тежи 37 милиони евра. За две години треба да биде пуштен во употреба. Прв на гасоводот ќе биде приклучен Кавадарци.
 
- Големите компании и индустриските зони ќе може да се приклучат на примарниот гасовод за што, како што истакна директорот на МЕР, веќе има интерес од страна на ФЕНИ Индустри и ИГМ да се приклучат кон магистралниот гасовод од Неготино до Битола.
 
Се гради и делницата од Штип до Неготино, кој е 60% завршена, а се работи и на гасоводот Скопје Тетово Гостивар. Парален течат и постапките за изградба на секундарната мрежа преку која гасот треба да стигне до секое домаќинство.
 
Пешевски посочи дека веќе е распишан тендерот за изградба на секундарната гасификација и оти за неколку месеци се очекува да биде избран најповолниот понудувач кој ќе ја гради оваа мрежа.
 
- Претходно имавме еден обид, но поради кризата во Турција, еден од најсериозните понудувачи, се откажа, но научивме многу од овој процес. Сега направивме значителни подобрувања и очекувам зголемен интерес од страна на компаниите. Веќе пет-шест компании ја подигнаа потребната документација, нагласи Пешевски.
 
Примарниот гасовод е со должина од 280 км, а пркеу крак за Хамзали ќе се поврзува со грчките гасоводи.
 
- Пред две недели бевме во Грција каде се гради нов терминал во Александрополис и концесионерот е заинтересиран гасот да го пренесе во Македонија, а преку неа и во Србија, рече Делев.
 
Гасот ќе придонесе домаќинствата да плаќаат помалку, но и фирмите да ги намалат трошоците во работењето. 
 
- Според министерот Мисајловски, многу градежни компании ќе почнат да градат, а исто така и странски компании се заинтересирани да учествуваат на тендерите.
 
Изградбата на гасоводот е предизборно ветување на ВМРО ДПМНЕ. Според лидерот на партијата дури и во овие мигови на исклучителна сложеност на работите се исполнува.
 
- Добро е што и во овие времиња на политичка криза и на целата оваа работа со која не само ние политичарите, туку и граѓаните се справуваат, не застануваат овие стратешки проекти, истакна Груевски.
 
Овој проект е од значење за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци. И пркеу него докажуваме дека решавањето на секојдневните проблеми е реперот по кој треба да се вреднува нашата работата, за сметка на наметнувањето на теми кои произведуваат поделби, конфликтност и раздор, како што тоа го прави СДСМ, теми кои се опасни за граѓанското единство, напиша Груевски на ФБ.