Македонија
2. December 2016 - 20:16

Груевски: Стилот на Заев и СДСМ е манипулирање и лажање и затоа на 11 декември ќе бидат казнети од народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на кандидатската листа во ИЕ4 Никола Груевски, вечерва во Свети Николе истакна дека по лагите на Заев и СДСМ дека во Македонија има 500.000 фантомски гласачи, бројот на гласачи во избирачкиот список не само што не се намали туку и се зголеми за 5000 гласачи. А за таквите лаги, СДСМ ќе биде казнет од народот на изборите на 11 декември.

Тој посочи дека стилот на Заев и СДСМ е манипулирање и лажање, а за таквите лаги ќе бидат казнети и овој пат од народот.

Груевски истакна дека Заев со Струмица владее 11 години и доколку граѓаните гласаат за него и СДСМ тоа ќе значи дека избираат владеење исто како во Струмица, а тоа подразбира за 11 години ни една странска инвестиција во Струмица дури и кога Македонија е 10 земја по водење бизнис и со најниски даноци во светот.

Груевски потсети и на ветувањата на Заев дека ќе изгради индустриска зона во Струмица, во која ќе бидат отворени 5000 работни места, кои никогаш не се остварија.

-Една од познатите работи во Струмица се доделувањата на тендерите. Видовме како се доделувале тендерите, на стрини, чичкови или на повисокото раководство на СДСМ. Неговиот начин на сфаќање на политиката е таков. Тоа е нивниот стил, лажење, манипулирање, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Заев секогаш кога ќе го потцени својот народ и ќе му кажува ветувања од ракав, треба да знае дека овој народ е мудар и знае да расуди.

Груевски потеницираше дека во времето на СДСМ во Македонија имаше 560.000 вработувања, додека денес коа ВМРО-ДПМНЕ е на власт таа бројка изнесува 720.000 вработени.