Македонија
19. July 2015 - 17:22

Груевски: Спокоен сум, ќе победиме на изборите во април 2016

Спокоен сум затоа што знам дека имаме народ што знае да одбере пдобра програма и подобар тим. Премиерот Груевски во интервју за Нетпрес најавува голема победа на изборите во април.

Оптимизмот го темелам на довербата во народот дека знае да направи вистински избор. Ние работиме многу. Ние испорачуваме тоа што сме го ветиле. Ние држиме до дадениот збор. Ние имаме програма, којашто ја реализираме. Имавме и други власти во минатото. Ништо од ова го немаше. Народот памти. Народот следи. Народот расудува. Тоа не значи дека сме идеални, дека немаме одредени грешки, дека немаме слабости, пропусти, дека нешто неможело поинаку, подобро, побрзо, дека некаде сме направиле некоја погрешна проценка. За среќа немаме стратешки грешки, грешки што неможе да се исправат, но во основа, неспоредливо подобро работиме од она што го има прикажано СДСМ и од она што тие го нудат кога излегуваат на избори. 

Премиерот вели дека е задоволен од договорот во Пржино кој стави точка на еден лош период за државата и економијата кој што СДСМ го посакуваше.

Овој договор обезбедува еден напредок за државата, обезбедува да останат авроатлантските и европските перспективи, за Република Македонија, што пак носи други свои придобивки, и што е најважно успеавме да го задржиме СДСМ на договорот од 2-ри јуни, а тоа е да се појави на избори, да не бега од избори, туку да се појави и народот да си каже кому му ја дава довербата, а тогаш ќе си каже и зошто ја дава довербата, кога ќе дојде време за тоа. Во секој случај многу сум задоволен што успеавме да се издејствува овој договор, на начин на којшто се издејствува, да се дојде до тоа потпишување, да дојде до деескалација на оваа криза, да останат европските перспективи за Македонија и НАТО перспективите, и економијата да тера во еден нормален тек. Да падне тензијата што народот ја чувствуваше во овој период, што е една нормална тензија кога има една политичка криза, така што дојде до една нормализација на состојбите.

Коментирајќи ја еуфоријата која СДСМ се обидува да ја создаде по потпишувањето на Договорот, премиерот вели дека не е изненаден бидејќи стилот на СДСМ е таков да се слави и тогаш кога се губи.

Знаете што. Тоа е еден од стиловите на СДСМ во сите овие години зад нас. Тие девет-десет години дигаат еуфорија, и толку во исто време губат. Девет избори изгубија. Дури во некои од изборите, пред самиот крај на резултатите беа во еуфорија. Јас се сеќавам во една прилика, незнам на кои избори беше…јас живеам многу блиску до СДСМ, значи комшии сме со СДСМ, таму кајшто живеам во Кисела Вода сме непосредни комшии, воздушно на 30-40 метри, и тие до 10 навечер, 11, славеа. Веќе ние ги имавме резултатите дека губат, а тие слават. Водесет и полуште славеа, ечеше музика. Така што познат ми е тој концепт. Битно е да се слави, битно е да се има еуфорија, битно е да се испрати сигнал до гласачите дека нешто се во предност, дека водат, дека ќе победат, дека сега еве нова власт ќе формираат и т.н. Тоа ќе си го кажат граѓаните на 24 април. Тие ќе го дадат својот суд, за сето ова што и се правеше на државата и на целиот народ, бидејќи народот зеложник во сиот овој период. Тие не’ знаат и нас и нив, ме знаат и мене во сиот овој период и во добри времиња и во тешки времиња, кога сме задржале стабилност кога имало најсурови кризи, и во светот и во Европа, некои од нив како што не се паметат, не’ знаат и во добри времиња, кога немало такви кризи, кога сме имале најголеми растови во економијата, не’ знаат во секаква варијанта, и нас и нив. И народот ќе си го каже своето. Нека летаат сега, нека глумат радост, нека глумат еуфорија. Ќе дојде време, работите ќе си дојдат на сове место.

По завршувањето на кризата, Груевски најавува интензивирање на владините проекти.

Сега откако сето тоа се надмина, се враќа интензитетот, се враќа притисокот од врвот, којшто се рефлектира по вертикала надолу, до целата администрација, и работите ќе дфобијат онаква динамика, каква што јас посакувам и каква што мислам дека треба да има и каква што имаше до пред појавата на оваа криза. Инаку, и за време на кризата, се одвиваа проектите, цело време останавме посветени на овие над 2.000 проекти, коишто ги имаме ветено во наата програма, но сега тоа ќе биде со позајакнат интензитет.

Во периодот кој претстои премиерот не ја исклучува можноста СДСМ да се обиде повторно да креира некакви тензии, но како што рече, ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на зацртаниот пат на решавање на проблемите на граѓаните, отворање на нови работни места, зголемување на стандардот, стабилноста на државата и привлекување на инвеститори. Покрај ова, Владата остануа фокусирана на акцискиот план за европски реформи.

Значи не седевме, не чекавме СДСМ да деескалираат со нивното однесување, да се врати во работните групи. Ние веќе имавме формирано работни групи, во коишто трите најголеми партии учествуваа, а сега ќе почне да учествува и Социјал-демократскиот сјоуз, така што ќе останеме посветени на решавање на најбитните препораки коишто ни беа дадени, да ги завршиме во најскоро време, со што ќе обезбедиме повторно позитивен извептај на Европската унија и ќе ја задржиме препорката. Тоа останува во фокусот на нашето внимание. Добро е што сега и СДСМ ќе се приклучи, за да после нема од нивна страна, вака или онака дека нешто не биле прашани, или консултирани и т.н., сега ќе си бидат во таа група, ќе ги слушнеме и нивните укажувања, веројатно ќе има и компромиси за некои од прашањата коишто ќе се дискутираат и тоа е добро, и е добар сигнал и кон Европската унија

Груевски додава дека вклученоста на сите 4 партии во акцискиот план ќе резултира со повисоки стандарди на сите полиња и ќе овозможи задржување на препораката за старт на преговорите со Европска Унија.