Македонија
14. November 2015 - 16:37

Груевски со одлична вест за младите: Ќе се градат три комплетно нови студенстки домови

Не еден туку три нови студентски домови, најави премиерот Никола Груевски. Во Скопје наместо најавениот еден ќе има два дома за сместување на студенти. Првиот ќе се гради на местото на дотраените бараки во сегашниот Медицинар во близина на Клиничкиот Центар. Ќе има капацитет за 350 до 400 легла, а во близина ќе се изгради и спортска сала. Проектот е готов, а до крајот на годината ќе биде распишан јавен повик за изградба.

Вториот студентски дом во Скопје ќе се гради во близина на Спортскиот Центар Борис Трајковски со капацитет за 500 легла. За оваа локација се средува документацијата. Изградбата ќе стартува следната година, а треба да биде готов до крајот на 2017.

Третиот студентски дом ќе се гради во Тетово за потребите на  Државниот универзитет. Трите дома комплетно треба да бидат изградени за 3-4 години.

Паралелно се одвива и реконструкцијата на студентскиот Гоце Делчев, откако целосно се реновираше блокот Б и во него веќе живеат студенти од понеделник ќе започене постапката за изведувач на реконструкцијата и на блокот А.