Бизнис
21. August 2017 - 16:42

Груевски: Секое планирање за зголемување на даноците ќе го влоши стандардот

Според најавите, Владата на Зоран Заев ќе ја промени даночната политика и наместо рамен ќе воведе прогресивен данок. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски смета дека оваа одлука е голема грешка, бидејќи Република Македонија досега добиваше честитки за рамниот и низок данок.

Груевски посочува дека ако Владата мисли оти со поголеми даноци ќе собере повеќе пари во државната каса прави огромна грешка.

– На тој начин освен што граѓаните ќе плаќаат големи даноци, ќе се намали и мотивацијата кај компаниите, изјави Груевски.

Тој потенцира дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш штом ги намали даноците во државната каса собрале за 20 проценти повеќе пари.

Според него, доколку даноците се помали граѓаните можат да си дозволат да издвојат повеќе средства.

-Секое планирање за зголемување на даноците ќе го влоши стандардот на македонските граѓани, истакна Груевски.