Груевски: Се реализира најавената инвестиција на GES, 200 вработувања
Како и што најавив на 24-ти декември минатата година во медиумите, денеска се остварува ветувањето, се реализира инвестиција на компанијата German Electro-Mechatronic Systems за производство на LED светилки што ќе значи 200 вработувања, објави на својот Фејсбук профил премиерот Никола Груевски.
- Со вчерашната инвестиција на компанијата BRG и рестартирањето на „Порцеланка“ за два дена тоа е објава и почеток на реализација на две нови инвестиции што ќе значат 1200 вработувања, луѓе кои ќе земаат плата, со сигурна иднина и јасна перспектива за своите семејства. Нашата визија се остварува, нашиот план за нови вработувања и за подобар животен стандард, како и поддршка и развој економијата станува реалност. Ние така и ќе продолжиме да се грижиме за граѓаните и да работиме за нештата кои се важни за напредокот на Република Македонија!, наведува премиерот Груевски.
Договорот за реализација на инвестицијата на компанијата German Electro-Mechatronic Systems GmbH (GES) во Република Македонија ќе биде потпишан денеска во Владата.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето