Македонија
25. April 2017 - 16:12

Груевски: Решение се брзи парламентарни избори - СДСМ: Нови избори нема да има

Брзи предвремени избори се најдобро решение за излез од политичката криза, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според Груевски, Македонија се соочува со голема изборна измама, а партиите кои ги измамија граѓаните, не го препознаваат нивниот револт.  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

За СДСМ не е прифатливо организирање на нови парламентарни избори. Според нив протестите се нарачани, а граѓаните во се помал број излегувале на улица.

-Ќе биде избран нов претседател на Собранието кој ќе отвори пат за избор на новата реформска Влада. Нови парламентарни избори нема да има. Тоа е волјата на 700.000 граѓани преточена во новото парламентарно мнозинство составено од 67 пратеници. Криминалната волја на Никола Груевски со којашто ги опустоши семејствата, фирмите и Македонија заврши. Груевски не е фактор! Граѓаните се фактор! – велат од СДСМ во писмена реакција.