Македонија
20. September 2017 - 11:35

Груевски: Претседателот на партијата ја носи најголемата одговорност

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  во интервју за ТВ „Алсат М“ на прашањето дали е подготвен да си поднесе оставка од лидерската позиција во партијата доколу ги изгуби претстојните локални избори, одговори дека „претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност”.

При синоќешното учество во емисијата „200“, Груевски истакна дека за победа на локалните избори еден од најважните репери е бројот на општините, но оти е значаен и бројот на гласови.

Коментирајќи ги предложените измени на Законот за употреба на јазиците, Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заедници во Mакедoнијa вклучувајќи ја и албанската етничка заедница.

Како што рече Груевски, Законот за употреба на јазиците е донесен во 2008 година во време на Владата на ВМРО- ДПМНЕ, но сега се залагаат  „да не се случи да се донесе закон што ќе биде противуставен и подоцна може да се случи да падне на Уставен суд“.

Според Груевски, настанот со насилствата во Собранието на 27 април годинава не требало да се случи, но оти голема вина за него имале постапките за избор на претседател на Парламентот. 

Груевски оцени дека во 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ преовладувале добрите работи што ги направиле, иако, како што рече, „сигурно направиле и некоја грешка“.

– Размислувавме за се што се случувало во минатото, каде биле нашите слабости, каде биле нашите предности и се фокусиравме на иднината, на она што треба да се направи за и понатаму да се подобрува животот на граѓаните, да се големува животниот стандард, и да се решаваат нивните проблеми, а државата да оди напред и да тане членка на НАТО и ЕУ, рече Груевски.

Тој  ја негираше содржината  на  т.н. „бомби“ што ги објави опозицијата истакнувајќи дека се дело на странски служби.

Рече дека не знае и не може да каже зошто се во бегство поранешниот шеф на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК. - Државата е во период во кој се води политичка хајка против неистомислениците на сегашната власт, а особено против поранешни државни функционери и против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.