Македонија
10. November 2016 - 16:08

Груевски постигна договор со синдикатите и Сојузот на пензионери

ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со синдикатите и сојузот на пензионерите на Македонија. Целта е соединување на најдобрите проекти во насока на исполнување на потребите и барањата на ѓраѓаните. Според лидерот на владејачката партија потписот е продолжување на комуникацијата за зголемување на потенцијалите.

Според потписниците меморандумот е уште еден доказ дека ВМРО ДПМНЕ била и ќе остане во тесна комуникација и преговори со синдикатите и пензионерите со цел подобрување на општествените услови во државата.

Со денешниот меморандум бројот на здруженија со кои ВМРО ДПМНЕ потпиша соработка достигна 13.