Македонија
13. February 2016 - 19:18

Груевски: Поддршка на иновациите и нивно стимулирање

Нови 7 проекти ја збогатија лепезата на мерки за подобрување на животот на младите. Намалување на партиципацијата за студентите со висок просек, нов систем за администативни потреби на студентите, саеми за средношколците и изградба на спортски капацитети, се дел од проектите кои попладнево ги презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред младите во Музејот на Македонската борба.

Според Груевски веќе има 27 проекти кои се наменети за младите преку што значително ќе се збогатат содржините кои ќе може да ги користат.