Македонија
21. May 2017 - 16:33

Груевски одговори зошто се појавува на настани како лидер на партија која 11 години работеше за граѓаните

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска одговори на прашањато во кое својство се појавува на настани во јавноста. Тоа го правел како лидер на партијата која дала ветувања кои ги релизира.

Во истото својство Груевски денеска изврши увид на патот до Сончев град во должина од 4,5 км  кој е речиси готов. Инвестицијата е вредна 7,5 милиони евра. Патот е од особено значење за жителите на Сопиште. По завршувањето на изградбата за две недели ќе почне и реконструкцијата на патот од Припор до Сопиште.

Груевски го посети и објектот којшто се гради на местото на поранешниот офицерски дом во центарот на Скопје. Најдоцна до април следната година инвеститорот ќе го отстапи катот наменет за државата кадешто ќе има нова матична служба на Градот Скопје и мултифункционалнаа сала односно библиотека и читална.

Еден од проектите на ВМРО ДПМНЕ, за кој Груевски вели дека одлично се одвива е бањско климатката рекреација за пензионерите. Информираше дека за годинава е планирано 5500 пензионери да отидат на бања. Следната група на пензионери кои ќе ја користат услугата заминува за три дена.  Досега 37 000  ја искористиле услугата.