Македонија
20. March 2017 - 17:05

Груевски очекува еврокомесарот Хан да повика да се отфрли Тиранската платформа

Хан да ја осуди тиранската платформа очекува лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Во телевизиско интервју Никола Груевски рече дека како партија на средбата со еврокомесарот ќе му понудат она што и до сега го говореле и е во духот на партијата, осуда за платформата. Груевски потсети на 2008та кога ЕУ им наметнала да коалицираат победниците од македонскиот и албанскиот блок и тоа вели треба да остане и во иднина.

Организираното гонење на СЈО е порака на Заев и до медиумите кои не се под нивна контрола и потрупување со обвиненија против ВМРО ДПМНЕ за кои немаат докази а се со цел да се дефокусира јавноста од крајната нивна цел а тоа е промена на уставното име вели Груевски.

ВМРО ДПМНЕ е таргет на СЈО и СДСМ затоа што е на браникот на националните и државните интереси смета Груевски. Нивната акција е планирана до таа мера, не само да се оди кон поединци, целото раководство, туку и партијата.

Според Никола Груевски, СДСМ има јасен план и ќе проба на сила да ја истурка платформата во парламентот

-Тие планираат да стават таканаречено европско знаменце на законот што значи ограничување на минутажата и бројот на јавувања на пратениците колку долго може да расправаат. Иако тој закон не подлежи под такво европско знаменце. 2008-мата година кога е донесен првпат, немаше европско знаменце, затоа што немаше потреба од тоа, не спаѓа во таква група. Но, сега сакаат да го стават вештачки во таква група и на тој начин набрзина да го поминат. По цена да ги вадат пратениците со полицајци надвор, по цена да влезат и да ја внесат државата во огромен хаос, да апсат, изјави Груевски

Груевски потенцира, СДСМ ќе ги употребат сите методи, законот не е единствената работа. Платформата е јасна и таа се осврнува и на името, грбот , темелите на државата истакна Груевски во интервју за телевизијата.