Македонија
25. јуни 2016 - 17:02

Груевски објави нови 5 инвестиции: Ни требаат уште работни места, ни треба нов напредок

5 нови инвестиции најави лидерот на владејачката партија  Никола Груевски. Половина милијарда евра ќе инвестира  меѓународниот конзорцоиум Евромакс ресурс, во рудникот Иловица. Веќе добиле и гаранција за  кредитирање од германската влада во вредност од 240 милиони долари. Со градба почнуваат септември, октомври, а по година и пол ќе започнат и со  експлоатацијата на злато и бакар од овој рудник.

Нивниот план е при градежните работи да бидат ангажирани 1,000  градежи работници, а во фаза на екплоатиоција над 600 рудари и други вработени, Ова ќе биде значителна инекција особено за југоисточниот дел на Македонија и значително ќе придонесе за зајакнување на извозот но и развој на рударската дејност. Овој огромен рудник за злато ќе биде нов мотор не само на економијата во Валандовскиот и регионот на југоисточна Макеоднија, туку и нов мотор на македонската економија. На компанијата сопственик Владата повеќе години и помага максимално, со сите сили и можности за да успее, и тие се многу задоволни од тоа. Затоа меѓудругото и се решија на една ваква крупна инвестиција.изјави Никола Груевски, претсетател на ВМРО ДПМНЕ

Производстен погон од металуршката индустрија  ќе гради западно европска компанија, чиј сопственик е со потекло од Македонија .  Ќе инвестираат 2 милиони евра  во охридскиот регион и за почеток би вработиле 100 лица.  Со реализација би стартувале на есен, а до крајот на година би започнеле со производство, односно со преработка на руда.

 Третата инвестиција која ја најави Груевски е на  италијанска компанија Технокозе, која во јули ќе почне да  гради  трет производствен погон, односно трета фабрика во Бунарџик.  Инаку во  февруари оваа година започна со работа нивната втора фабрика, која им овозможи тројно да им се зголеми производствениот  капацитет.

На нови 5 илјади метри квадратни ќе почнат да ја градат третата фабрика, која ќе отвори нови работни места. Инвестирањето на третата фабрика е уште една потврда за добрата бизнис клима и одличната соработкана бизнис тимот на владата со странските инвеститори. , додаде Груевски

Германската компанија  Кеслер  веќе отвори технолошко развоен  и истражувачки центар, и првите инжењери се пратени на обука во Германија. Задоволни од нивниот квалитет , побрзо од планираното планираат почеток на втората фаза на проектот

А тоа е отворање на производствен погон,  фабрика за производство на технолошки производи од електромашинската индустрија. Ќе започнат со работа во веќе постоечки погон, а од септември ќе започнат градба на свој објект во ТИРЗ Скопје 1, а производството би стартувало кон крајот на првата половина од наредната година. Ќе започнат со 50 тина вработувања, а потоа сигурно ќе расте овој број, зијави претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Никола Груевски

Германска компанија од информатичката технологија,  е петтата инвестиција која ја најави Груевски . Ќе инвестираат  во Скопје  во развој на софтвер , кој  се очекува да прерасне  во нивни регионален центар. Инвестицијата , од 2,6 милиони евра  во наредните три години ќе донесе за почеток 100 вработувања ,. Потоа, бројот на ангажирани лица постојано ќе расте.. Компанија веќе изнајмила  деловен простор и почнала  со регрутација на кадри.

Вакви инвестиции ќе продолжат и во иднина  и покрај   сите опструкции и кризи креирани од опозицијата, најави лидерот на пратијата Груевски.