Македонија
23. November 2016 - 17:07

Груевски: Нема пазарење со македонскиот идентитет и суверенитет

Државата не смее да стане експеримент на Зоран Заев за поигрување со нејзиниот идентитет и суштина. Груевски од вчерашниот митинг во Струга порача дека изборите на 11 декември се пресудниз а иднината на Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев е лицемерен во своите најавиз а зголемување на минималната и просечната плата зашто според него, вработените во фирмите на Заеви живеат на работ на егзистенција.  

И лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски од митингот во Струга порача дека единственатса програма на СДСМ е Катица Јанева. Обвини дека токму Заев и нему му барал мито како во случајот Поткуп за кој постапка води јавното обвинителство за организиран криминал.

ВМРО-ДПМНЕ од Струга најави нови патишта, медицинска опрема и детски градинки коис е дел од програмата РЕАЛНО напоипшана на 500 страници.