Македонија
23. September 2017 - 16:08

Груевски најавува „Нова ера“- политика фокусирана на економијата, правната држава, интеграцијата

Со фокус на економијата и владеењето на правото ВМРО-ДПМНЕ најавува нова ера за Македонија. Партискиот лидер на вчерашната конвенција во пресрет на локалните избори најмногу време посвети за промоција на економски проекти. Груевски рече дека по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, државата ќе се стреми кон константен раст на економијата од 4% годишно, државна помош за развој на бизнисот и она што според Груевски е најважно, отворање на нови работни места

Груевски рече дека во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат младите, образованието, здравството, животната средина и евроатланските интеграции.
Лидерот на опозициската партија најави позитивна кампања за локалните избори по кои, партијата ќе бара и предвремени парламентарни избори

Од ВМРО-ДПМНЕ за овие избори најавија дека функцијата заменик градоначалник на Скопје, ќе ја добие советник од нивната листа од албанска етничка припадност

Кампањата за локалните избори ВМРО-ДПМНЕ официјално ја почнува во понеделник со митинг во Охрид. Од партијата најавуваат по два големи митинзи дневно и голем број посети и средби со граѓани во сите општини.