Македонија
13. November 2015 - 17:17

Груевски најави решавање на проблемите на граѓаните во охридскиот регион

Дом за семејство со повеќе деца, нови спортски објекти, вработување на загубарите од Емо ... Решени повеќе проблеми на Охриѓани.  Неколку часа премиерот Никола Груевски ги слушаше барањата и потребите на жителите на Видовиште, Лескоец, и Велгошти.

Граѓаните од Видовиште добија реконструирана улица, а  осумдетно семејство ќе добие стан.

Претставник на египјаните изрази благодарност за континуираната поддршка од владата и добрата соработка со локалната самоуправа

Вработен во единицата за противпожарна заштита од премиерот  побара да се разгледа можноста за законско регулирање и додефинирање на оаа област. Истото беше прифатено од премиерот

Беше договорено и интервенција во инфраструктурата во орхдиската болничка населба

Ќе се излезе во пресрет и на барањето за изградба на нови спортски игралишта во Охрид.

Жителите од Лескоец задоволни за градбата на патна и комунална инфрастуктура од 1 милион евра

На прашањето што со луѓето од ЕМО премиерот одговори дека Владата прави напори за вработување на сите кои работеле во оваа фабрика

По Лескоец, Премиерот го посети  и Велгошти каде жителите се заблагодарија за изградената спортска сала

Градоначалникот Бакрачевски истакна дека ќе се направат напори за обезбедување на средства за реконструкција на културниот дом.

Исто така на средбата беше договорено во првата половина од 2016 и изградба на улицата Александар Турунџиев  и изработката на планска урабнистичка документација која се работи за прв пат за овој регион 

На враќање кон Скопје  премиерот се увери дека навистина добро течат работите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.