Македонија
18. February 2016 - 17:40

Груевски најави нови 7 мерки за младите - 34 проекти за 2 месеци

Нови мерки за подобрување на животот и стандардот на младите промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во фокусот на партијата повторно се студентите и олеснувањето на нивниот пат за добивање на диплома. Една од мерките е за 50 проценти намалување на партиципацијата за студентите од самохрани и еднородителски семејства. Според Груевски, социјалниот статус не смее да биде пречка за стекнување на високо образование. Реализацијата ќе биде од септември 2017 година и ќе важи за сите од прва до четвра година каде приходите на родителот не се повисоки од нето минималната плата.

- ВМРО-ДПМНЕ континуирано води грижа сите граѓани да имаат еднаков пристап до високото образование. За оваа мерка Владата секоја година ќе носи одлука за квоти за секој факултетВладата на Република Македонија согласно законот за високо образование досега ги ослободи од партиципација дечињата од социјално ранливите категории и децата без родители.Средствата за партиципацијата се покриваат од Буџетот на Република Македонија, изјави НиколаГруевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Олеснувања ќе има и за оние кои сакаат да студираат на техничките науки кои се дефицитарен кадар на пазарот на трудот.

- Популаризацијата на техничките науки кои се дефицитарни е дел од пошироката стратегија за целокупен економски и индустриски развој на Република Македонија. Кадри недостасуваат на пазарот на трудот. Затоа во академска 2017-та и-2018-та ќе им овозможиме на сите студенти од семејства со приход не поголема од просечна нето плата, а ќе запишат за прв пат на овие факултети, да влезат во државна квота, да плаќаат 200 евра, наместо 400 евра годишно. Условот е да не презапишуваат предмети, рече Груевски.

Значајна мерка во делот на образованието е и отворањето на специјална национална математичка гимназија, која според најавите на Груевски треба да биде во функција во 2018 година. Ќе биде во Скопје со ограничен број на места и кампус за сместување.

- Ќе биде по посебни научни програми со помош на професори од ПМФ и МАНУИ кои ќе бида ти дел од вонредниот кадар во гимназијата, вели Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со денешните седум, за два месеци промовираше 34 мерки за подобрување на животот на младите.