Бизнис
12. February 2017 - 16:22

Груевски најави нова германска инвестиција во Желино и нов рудник за јаглен и електрична централа во источна Македонија

Германска компанија за производство на седишта за автомобили  ќе инвестира во Македонија. Станува збор за компанија која ќе биде добавувач на белгиската Ван Хул, ќе биде лоцирана во тетовско Желино и  за почеток ќе вработи 100 лица.

Ова е само една од фирмите, кои имаат донесено одлука да вложат кај нас и покрај политичката криза, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски во интервју за  Тв Нова.

Ќе се гради и нов рудик за јаглен и нова централа за производство на електрична енергија.  Првата фаза од студијата е завршена, која покажала дека има доволно јаглен за наредните 30 години. Инвестицијата би била околу 200 милиони евра

-Ќе биде лоциран  помеѓу Делчево и Пехчево. Таму ќе се отворат околу 1.000 работни места, индиректно и директно. Градбата на рудникот и централата би почнала во 2019 година, а инвестицијата ќе биде од околу 200 милиони евра, изјави Груевски.

Груевки најави дека се водат разговори и со други компании. Очекува наскоро и некои од нив да ги објават своите одлуки за инвестирање. Посакува што поскоро за заврши кризата и во фокусот повторно да биде економијата и отворањето нови работни места.