Македонија
18. јуни 2017 - 16:16

Груевски најави нов почеток за враќање на власт

-Работевме чесно и одговорно. Со љубов и беспоштедно. Грешки и пропусти имаше, но во споредба со успесите, реформите и сите постигнувања тие беа мали, а и тие во периодот кој следи ќе ги исправиме.  Доправа народот ќе види разлика помеѓу СДС и ВМРО. Ама не на зборови и празни ветувања, не на маргинални и мали работи, туку на дела, на вистински и крупни чекори како што се правеа во секоја област, и грижа за својот народ и држава. А и СДСМ која решила онака ,,демократски,, да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ доправа ќе ја види ВМРО-ДПМНЕ, и допрво ќе се соочи со народот, кој денес веќе доволно се разбира, и се му е јасно, рече Груевски.

- Немаме ниту реформи, ни просечна плата од 30 илјади денари, ни повисоки субвенции, ни 100 илјади денари плати за лекарите, ни 500 километри автопатишта, ни нови работни места, ни покана за НАТО, ни преговори со ЕУ, ни повисоки пензии, ниту нешто да им понудат на младите. Во нивните настапи има многу неискреност. Многу лицемерие, додворување без искреност и прикажување на лажна слика. Тоа народот ќе го препознае. Ги нема ни како што тие кажуваа 600-те илјади иселени од Македонија да се враќаат. Се пењават без срам и сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме и во наше време се се заврши, нагласи синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.