Македонија
30. March 2017 - 16:13

Груевски на средби во рамки на Самитот на ЕПП во Малта

Средби со претседателот на Совет на Унијата, Доналд Туск и со првиот човек на Европарламентот Антонио Тијани биле дел од агендата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и партиската делегација, која два дена учествува на самитот на европската десница во Малта. Груевски лично ги запознал за состојбите во Македонија и политичката криза.
 
Покрај овие средби, Груевски имал серија билатерални разговори со високи претставници на европската десница.
 
Како што соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ на сите средби јасно бил искажан ставот на Европски народни партии да продолжат да ги поддржуваат сестринските партии во Европа. Притоа било акцентирано дека не смее да се дозволи со пари на СОРОС да се ризикува стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија.
 
Поранешниот премиер на Словенија, лидер на словенечката десница, Јанез Јанша, со кој Груевски исто така имал средба во дискусијата во раки на политичката сесија отворено посочил дека Европската народна партија секогаш ќе продолжи со поддршка на сестринските партии, осудувајќи го обидот на СОРОС за дестабилзиација на Македонија. 
 
- Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија,  рекол Јанша пред европските лидери и раководството на Европската народна партија.
 
Самиот на европската десница усвои неколку резолуции. Едната од нив е насока на обезбедување на европската иднина со интеграција на Западен Балкан, во која се посочува дека државите, меѓу кои и Македонија мора да бидат истегрирани во Унијата.
 
Особено значајна е резолуцијата што десницата ја усвои за осуда на руското мешање во европските држави преку пропаганда, дезинформирање, вклучувајќи медиуми, дипломатија, бизнис секторот.
 
Во резолуцијата стои дека Европската народна партија е за добрососедска политика вклучително и Русија, но нема да се дозволи руско мешање во политиките на Европската унија.
 
Инаку, Груевски вчера по средбите со унгарскиот премиер Виктор Орбан, домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП,  претседателот на Националната партија на Малта, федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Шмид , Елмар Брок од Германија изјави дека на сите средби ја искористил можноста за лобирае за стратешките интереси на Македонија и за актуелната политичка ситуација.
 
Инаку на Самитот на Европската десница вчера свое обраќање имаше и Премиерот Емил Димитриев.