Македонија
22. јуни 2017 - 16:25

Груевски на средбата со Борисов не дознал што е договорено со премиерот Заев за договорот за добрососедство

Притисоците врз медиумската сфера во Македонија и врз судството, како целокупната атмосфера во македонското општество по доаѓањето на новата власт во земјата беа во фокусот на разговорите што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со партиска делегација утринава ги имаше со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, а и потоа на Самитот на Европската народна Партија (ЕПП) во Брисел.

- Денот го започнав со средба со шефицата за надворешни работи на Еворпската унија, Федерика Могерини и на таа средба се задржав на две работи. Најпрво, на потребата што поитно Република Македонија да биде интегрирана во Европската унија, а се разбира и во НАТО и на потребата да се внимава за понатамошните случувања и процеси во Македонија. Тука имам предвид што се се случува со медиумскиот сектор во Македонија по доаѓањето на новата власт. Загушувањето и притисоците врз медиумите, особено врз сопственицита на медиуми, вклучително и притисоците на Специјалното јавно обвинителство и на намерите на новата власт за партизација на судството. Преку плаштот на нови реформи во судството, практично се има намера за партизирање и целосна контрола врз судскиот систем во Република Македонија - изјави Груевски по овие два настани денес во Брисел.

Попладнево, тој приссуствуваше на Самитот на ЕПП на кој беа присутни и поголем број на премиери, претседатели на партии и лидери на држави со кои со поголем број од нив, според Груевски, тој успеал да воспостави комуникација, да размени мислења за повеќе прашања, информации за Македонија и да лобира за понамошен макеоднски напредок во НАТО и во ЕУ.

- Укажав на чуствителноста од притисокот и заканите врз сопствениците на медиумите, врз медиумите и новинарите. Истакнав дека во Македонија постои една од најлошите ситуации во историјата на Македонија во која „се гуши медиумскиот простор и се тераат сите медиуми да информираат само афирмативно и никако критички за новата Влада, што не е добро за демократијата“. Груевски говорел и за ризиците од партизација на судството за кои според него се наѕираат намерите на СДСМ да го направат. Пред се и над се, упатив апел до сите пристуни премиери, до претседателот на еворпската комисија Жан-Клод Јункер, кој што беше присутен, како и до Меркел и останатите, дека час поскоро, Македонија треба да добие можност да ги почне преговорите и што побрзо да ги заврши и да се интегрира во Европската унија и се разбира и во НАТО за земајта да оди напред.

По завршувањето на Самитот на ЕПП, на маргините на овој настан, Груевски оствари и средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на кој според него разговаравл за потребата Република Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ.

Не дознав ништо од него што се договорило на средбите минатите два дена во Софија и нормално е тоа да го дознаеме ние како опозиција и македонската јавност од моменталниот македонски премиер. Но, тие ги знаат нашите позиции, ги реафирмирав позициите на ВМРО-ДПМНЕ по прашањето на договорот за пријателство со Бугарија. Истиот треба да се потпише, но се разбира треба да се внимава што тој ќе содржи и тоа да нема понатаму последици ниту за БУгарија, ниту за Македонија, македонскиот народ и за македонскиот јазик – заврши Груевски.

Вечерва, Никола Груевски има закажано билатерална средба со известувачот за Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл, а во текот на утрешнито ден се предвидени исто така голем број на други билатерални средби со европратеници.