Груевски: На овие избори се случија две работи – невиден поткуп и тортура и ВМРО отстапи од својот традиционален идентитет
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори влезе како фаворит и многумина се прашуваат што се случи. Се случија две, првата работа е страшен терор, уцени, закани, заплашувања и многу поткуп на гласачите од страна на актуелната власт од досега невидени размери, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во магазинот „Седмица“ на телевизија Алфа.
-Имавме убиен човек во изборите, актуелен градоначалник и кандидат со скршен череп, искршени изборни штабови. Кога се случува сето ова можете да замислите што си помислуваат луѓето. Изборите не доликуваа како да се во Африка, а камо ли во Македонија. Се фалеа со пиштоли, а коментираа за флешери на автомобилот на Коневски кој му бил така доделен. Максимална употреба на сила, насилство, поткуп и заплашување што вроди со резултат, а тоа се одрази и со резултатот на изборите, истакна Груевски.
-ВМРО-ДПМНЕ имаше свои традиционални политики и тие (граѓаните)отценија дека ВМРО изврши отстапување од сопствениот идентитет кој се заснова најмногу на заштита на националните и државни интереси и градење проекти. Отстапувањето некои го почувствуваа во првиот дел, дека не се задоволни од тоа што така го примиле. Ние на овие избори и во периодот пред него се обидувавме да им се допаднеме на некои други и тоа не им се допадна на дел од нашите традиционални гласачи, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица