Груевски му го честита на Трамп изборот за претседател на САД
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска упати честитка до Доналд Трамп по повод неговата победа на претседателските избори во САД.
- Вам и на народот на САД ви ја честитам победата на претседателските избори. Принципот на почитување на волјата на народот е врв на демократијата, тоа е победа на правото на слободната волја на сите граѓани, стои во честитката.
Вашето претседателствување, како што се наведува, повлекува огромна чест и одговорност да се биде предводник во битката за градење на подобар свет, за возобновување и подобрување на општеството.
Груевски во честитката на Трамп му посакува многу среќа и успех.
- Во овој свечен момент сакам да го истакнам задоволството од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и САД и воедно да ја искажам нашата подготвеност за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите области од заеднички интерес. Членството во НАТО претставува наш приоритет и темелна заложба при што особено ни е значајна поддршката од САД, како наш стратешки пријател, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски изразува уверување дека пријателството и разбирањето во односите меѓу двете држави ќе продолжи да се негува и дополнително да се развива.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите