Македонија
20. September 2017 - 16:12

Груевски: Мора да се почитува Уставот во постапката за законот за јазиците

Што ни згрешиле нас Албанците? Измислена е тезата дека ВМРО-ДПМНЕ ги навредува Албанците, вели партискиот лидер во вчерашното интервју за Алсат

Груевски вели дека креирањето на перцепција дека ВМРО-ДПМНЕ работи против Албанците во Македонија е дел од стратегијата на СДСМ.

Според Груевски, Заев во неможност да ги добие гласовите кај македонското гласачко тело, свесно манипулирал со Албанците претставувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ како антиалбанска партија само за да може да си го зголеми бројот на гласови. Во таа насока, вели Груевски е и донесувањето на законот за употреба на јазици.

Според партискиот лидер, форисрањето на неуставни решенија е слика за нечесниот однос на СДСМ кон Албанците.

Груевски вели дека во неговата партија се работи под полна пареа во пресрет на локалните избори на кои е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува нова победа.