Македонија
16. February 2018 - 22:27

Груевски ја отфрла вината за случајот „Тенк“

Продажбата на единствениот блиндиран мерцедес, според екс-премиерот Груевски е евтин популизам на новата власт. За ситни политички поени државата останува без возило за превоз на странски делегации. токму од овие причини за Груевски е нејасно и обвинението на Специјалното обвинителство за предметот Тенк.

Груевски тврди дека снимените разговори се единствениот доказ кој Специјалното обвинителство го поседува против него. Откако и на денешното рочиште судот одби да им ги предаде дури и транскриптите од аудио-снимките, адвокатите и обвинетите одбија да дадат воведни зборови. Тие жестоко реагираа на нееднаквиот третман и водење на постапката без основни права кои им се загарантирани со закон.

Груевски, Јанкуловска и Поповски ја отфлија вината за обвинението во кое СЈО тврди дека блиндираниот мерцедес е набавен по желба на екс-премиерот, а при набавката е фаворизиран генералниот застапник за мерцедес. На следното судење закажано за 13 март ќе се сослушуваат сведоци.