Бизнис
16. May 2017 - 20:05

Груевски: Изградени 74 нови и реконструирани 400 училишта

Владата на ВМРО ДПМНЕ до сега изградила 74  нови училишта и реконструирала  400 во државава. За оваа година планирани се 4 нови училишни згради и целосна реконструкција на уште 26, рече Груевски при посетата на новото повеќенаменско игралиште во Припор, заедно со директорот на млади и спорт и градоначалничката. Средствата се обезбедени за изградба на новите училишни објекти а за реконструкција на останатите најголемен дел се завршени и тендерските постапки. Она што е планирано за оваа година ќе се исполни ,  рече Груевски.

Во Општина Кисела Вода се реализираат повеќе проекти, меѓу кои патот кон Сопиште чија изградба е при крај, патот од Пинтија кон Говрлево а следниот месец ќе почне и градбата од Сопиште до Говрлево. Се работи и на изградба на водоводот Патишка река како и реконструкцијата на водоводот Света Петка.

Тонски –Билјана Беличанец град. На О Кисела Вода, Марјан Спасевски дир на агенција за млади и спорт

Директорот на агенцијата за млади и спорт информираше дека до сега се во функција 268 спортски објекти.