Македонија
6. February 2016 - 16:00

Груевски: Изградбата на спортските објекти еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ

Спортските објекти  се еден од приоритетите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Инвестициите во спортот и младите продолжуваат, ќе се реализираат уште многу проекти и она што е ветено од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реализирано како и во сите досегашни случаи, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Годинава целосно ќе биде завршена спортската сала во студентскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во која ќе има трибини за 2000 гледачи, а ќе се заврши и спортската сала во населбата Ченто. Изградба на нови сали ќе започне во Охрид, Бучим, Крушево, во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, а ќе се завршат и над десет училишни спортски сали низ цела држава, изјави Груевски, одговарајќи на прашање по посетата на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Прецизира дека за годинава е предвидена и изградба на 22 мултифункционални игралишта и 18 тениски терени.