Груевски: Избори мора да има, и избори ќе има
Секој оној кој со своето однесување ќе му оневозможи на народот да реши на кого ќе му ја даде довербата, кој ќе се обиде да му го одземе врвното демократско право на народот да решава на избори, без разлика дали тоа ќе го направи со сопственото бегање од избори, што веќе за жал е извесна и очигледна варијанта и стратегија на нашите политички конкуренти или на било кој друг начин ќе се труди да нема избори, прави непринципелно и неетичко дело кое е на ранг на навреда на народот, порача вечерва премиерот Никола Груиевски.
Со ова однесување, нагласи, политичкиот конкурент покажува недоверба во своите капацитети и отсуство на соодветна грижа за националните и државни интереси на Република Македонија.
- Избори мора да има, и избори ќе има. Ова е наша земја и наша земја ќе остане. Народот ќе решава и народот мора да решава. Нема друго и нема бегање, подвлече премиерот Груевски во обраќањето на свечената академија по повод утрешниот државно-црковен празник Св. Климент.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња