Бизнис
23. September 2017 - 9:07

Груевски: Иднината е во младите, нашата цел е да ја преполовиме невработеноста кај младите луѓе!

Градот има потреба од постојано хумано модернизирање и оддржлив развој во баланс со неговата континуирана индустријализација. Градот треба да ја акцентира својата димензија како извор на културата на живеење, традицијата и идентитетот на граѓанинот, како и функционалност и брзина при движењето и транспортот, ова вечерва го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Конвенцијата насловена како „Нова Ера“.

-Ние сакаме да имаме интелигентни градови (smart cities) во Македонија . Информациската и комуникациската технологија се користи поефикасно и поевтино да се управува со градот и поедноставно да се управува сообраќајот, потрошувачката на вода и електрична енергија. Градовите во Македонија мора да станат технолошки понапредни, позелени и отворени за новитети, истакна Груевски.

Тој вели дека мора да има модернизација на селата, градот не може без селото и селото не може без градот.

-Со добра патна и друга инфруструктура, со напредна информациски и комуникациска технологија селата и градовите во Македонија треба да станат силно поврзани и да сочинуваат силна мрежа на меѓузависност. Употребата на информатички системи во подобро земјоделие, во предвидување на климатските фактори, со утврдување на пазарите и можноста за пласман, со интеренетизација на селата силно ќе се подобри квалитетот на животот. Репопулација на селото е една од целите. Стимулации за егзистенција на село, обезбедување на можности, подршка на останување во родното место се категории, или враќање во него, се цели  кои ќе го имаат нашето специјално внимание, потенцираше Груевски.

Тој потенцираше дека иднината е во младите и затоа ние велиме работа, работа и работа за младите.

-Младите луѓе се движечката сила. Бунтовноста и критицизмот на малдите се природни и потребни. Тоа го движи општеството напред. Младите мора да добијат работа. Тоа е нашиот приоритет. Младите секогаш ќе имаат приоритет во вработувањето.

-Нашата цел е да ја преполовиме невработеноста кај младите луѓе. Семејството на младиот човек треба да се развива со тоа што државата ќе му обезбеди достапна градинка, достапно и квалитетно образование, ефикасно и модерно здравство,  чиста животна средина, подеднакви шанси за секого зависно од неговиот личен апацитет, знаење и афинитети, и намалени трошоци за семеен живот. Посебен аспект ставаме на можностите за културно забавен живот на младите, со силна подршка од државата и инвестирање во можностите за културен личен и кариерен развиток на малдиот човек, рече Груевски.