Македонија
22. October 2017 - 20:57

Груевски и Трајковски најавија нови проекти во Хиподром и Железара

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска имаше средби со граѓани во населените места Хиподром и Железара во општина Гази Баба придружуван од нивниот кандидат за градоначалник на општината Тони Трајковски на кои ги презентираа проектите кои ги предвидуваат за овие наслени места.

Тој ги повика мештаните масовно да излезат да гласаат на изборите в недела и да му дадат поддршка на Трајковски кој е актуелен градоначалник за уште еден мандат, бидејќи според него, на тој начин може да се победи стравот и притисоците на кои, смета дека се изложени граѓаните.

Груевски посочи меѓу другото дека празникот 23-ти октомври, Денот на македонската борба и денот на формирањето на ВМРО утре ќе го прослават и ја обвини власта дека се плаши и се срами од прослава на овој празник. 

Во Железара, додаде тој, се планираат многу работи, а клучната работа на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму како и досега останува отворањето нови работни места.

- Во општина Гази Баба во 2006 година во август, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, се на се, од цела општина имаше 7.400 вработени, а на крајот на минатата година над 15.400 вработени, двојно повеќе, изјави Груевски.

Вети бесплатен здрав оброк за секое дете во училиштата, а за сите оние кои немаат свој дом, можност да се даде градежно земјиште за евро од метар квадратен, потоа завршување на водоводната мрежа по должината на новопредвидениот булевар Хрватска, изградба на нова водоводна мрежа, со пумпна станица и резервоар за населбата Железара и Автокоманда, изградба на атмосферска канализација и пешачки зони во Железара, ревитализација и модернизација на инфраструктурата во индустриските паркови, ...

Тони Трајковски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Гази Баба рече дека има тим и програма по која се препознатливи. Се пожали и дека голем дел од проектите што ги имале им биле ускратени.