Македонија
7. November 2016 - 16:56

Груевски: Граѓаните да одлучат со кого ќе им биде подобро - Со ВМРО-ДПМНЕ што гради, или со СДСМ што креира кризи

Заев не може да победи на декемвриските избори и тој е свесен за тоа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на годишната конференција на Унијата на жени викендов. Според Груевски, Заев нема што да понуди, а неговиот збор нема никаква вредност, бидејќи како што вели, денеска кажува едно а утре право друго. Груевски рече дека опозицискиот лидер е човек кој лицитира со националните интереси нудејќи двојазичност и редефинирање на Македонија, а од општината каде што е градоначалник, направил тендерско гнездо преку кое се полнат со пари неговите најблиски роднини.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им порача на граѓаните, пред овие избори да направат избор меѓу опцијата која што работи и реализира и онаа која што креира деструктивни сценарија

Груевски рече дека на овие избори ќе се донесе и одлуката за Македонија. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе можат да се одлучат за Македонија која нема да дозволи никој да си поигрува со нејзиниот суверенитет и државност бидејќи како што рече Груевски, време е Македонија да продолжи напред.