Македонија
28. April 2017 - 16:50

Груевски: Го осудувам начинот на кој СДС и другите партии одлучија на направат обид за незаконски избор на спикер

Незаконскиот  избор на Претседател на Собранието директно ги предизвика настаните во Собранието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по седницата на партискиот Извршен комитет рано утрово истакна дека бројните провокации во изминатите денови кои мнозинството македонски граѓани од страна на СДСМ директно влијаеле за ескалација на состојбите.

Груевски го осуди насилството во Собранието. Тој ги повика граѓаните на смиреност, а институциите брзо да делуваат, да ги пронајдат и казнат насилниците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика да се прифати иницијативата на Претседателот Иванов за средба на партиските водачи за како што вели, да се најде институционално решение по мирен пат.
Груевски ги повика граѓаните на смиреност и порача да не подлегнуваат на провокациите на СДСМ

Груевски рече дека во наредните денови неговата партија ќе ги соопшти следните чекори потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане на страната на народот и националните интереси на државата.