Македонија
10. јуни 2016 - 16:18

Груевски го испочитува Судот: Политичката хајка на Заев и СЈО нема да успее

Класична политичка хајка на Зоран Заев и Катица Јанева. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по денешниот распит во судот за случајот со комплескот космос вели дека обидот на СЈО да одработи дел од политичката агенда на СДСМ нема да донесе успех.

Според Груевски, целта на Специјалното обвинителство е да ги насочи граѓаните да помислат дека луѓето во ВМРО-ДПМНЕ се исто како и оние во СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека резултатот од политичката хајка на Јанева, Заев ќе го види на првите наредни избори

Кривичниот суд денеска соопшти дека СЈО вчера доставило пет предлози за определување мерки за обезбедување присуство. Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по нив, по што ќе се знае, дали и какви мерки ќе бидат определени.