Македонија
9. January 2017 - 16:07

Груевски: Ако ДУИ не изигра, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата

Ако се почитуваат досегашните принципи ВМРО-ДПМНЕ ќе состави влада но ако тие се прекршат се е можно, Груевски во интервју за Дневник потенцира дека нема да формира влада по секоја цена но дека изигрувањето од досегашниот албански коалициски партнер би значело дека тој во иднина ќе има одврзани раце при изборот со кого ќе состави влада.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та“, вели Груевски.

За него не е спорно тоа што СДСМ е подготвен да исполни поголем дел од барањата на ДУИ.

„По­ра­зе­ни­от обич­но ну­ди по­доб­ри ус­ло­ви. По­и­на­ку не мо­же ни да би­де. Во 2008 и во 2014 и без ДУИ и без ни­ед­на дру­га ал­бан­ска пар­ти­ја ВМРО-ДПМНЕ мо­же­ше да фор­ми­ра вла­да. Пра­ша­ње­то е да­ли ќе пос­та­пу­ва­ме по прин­ци­пи­те што до вче­ра ДУИ ги за­го­ва­ра­ше јав­но или ќе ги сме­ни­ме. Ние сме под­гот­ве­ни за две­те ва­ри­јан­ти. Но, не са­мо на овие из­бо­ри, ту­ку и во ид­ни­на“, потенцира лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Осврнувајќи се поединечно на барањата од платформата усвеона од ДУИ, БЕСА и Алеијансата на Албанците, Груевки е дециден дека е невозможно да се исполни барањето за целосна двојазичност без согласноста на неговата партија.

„Дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја и кан­то­ни­за­ци­ја не мо­же да би­де ре­а­ли­зи­ра­но ако ВМРО-ДПМНЕ е про­тив.

Ка­ко ќе го спре­чи­те тоа ако нап­ра­ват ко­а­ли­ци­ја со СДСМ и си­те ал­бан­ски пар­тии?

-Зна­ат во ДУИ ка­ко.

Па, доб­ро ка­же­те ни и нам.

-Ќе ме раз­бе­ре­те де­ка не­кои на­ши пла­но­ви не са­кам да ги от­кри­јам“, одговара Груевски на прашањата на Дневник.

Дециден е и во однос на прашањето за продолжувањето на мандатот на СЈО потенцирајќи дека неговата партија нема да се согласи на таков чекор бидејќи тоа би значело само продолжување на политичката криза.

Тој аргументира ид ека е невозможно да се утврди колку пари од буџетот се трошат за некоја етничка заедница.

„Не­ка­ко мо­же­би и мо­же да се ут­вр­ди кој кол­ку при­до­не­су­ва во бу­џе­тот, иа­ко не­ма да е лес­но да се де­фи­ни­ра­ат кри­те­ри­у­ми­те и тоа ќе трае мно­гу дол­го. Ако не­кој са­ка да поч­не­ме так­ва пос­тап­ка, јас сум за, са­мо да не­ма ка­е­ње по­тоа, от­ка­ко ќе ги до­би­е­ме ре­зул­та­ти­те.

Но не­ка ми од­го­во­ри не­кој ка­ко ќе прес­ме­та­ме на ко­го се тро­шат па­ри­те ко­га ќе се гра­ди ав­то­пат од Гос­ти­вар до Ки­че­во или кли­нич­ки цен­тар во Скоп­је или ко­га ста­ну­ва збор за оп­ре­ма за кли­ни­ка­та во Те­то­во итн. кол­ку ќе се при­пи­ше де­ка оди за Ма­ке­дон­ци­те, а кол­ку за Ал­бан­ци­те или Тур­ци­те или ос­та­на­ти­те. Или пре­чис­ти­тел­на ста­ни­ца во Гос­ти­вар, чис­те­ње на ка­на­ли­те во По­лог, кол­ку ќе се при­пи­ше де­ка е ин­вес­ти­ци­ја за Ма­ке­дон­ци­те ин­вес­ти­ци­ја, а кол­ку за Ал­бан­ци­те и по кој кри­те­ри­ум. Што пра­ви­ме со но­ви­те во­зо­ви, град­ски­те ав­то­бу­си во Скоп­је, тро­шо­ци­те за ам­ба­са­ди­те во стран­ство, ави­о­ни­те за га­се­ње по­жа­ри, Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, чис­те­ње­то на ко­ри­та­та на ре­ки­те, но­ви­те га­со­во­ди… Ќе се зап­лет­ка­ме во бес­крај­ни ма­те­ма­ти­ки и рас­пра­вии.“, вели Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека поставувањетоп радикални барања во период на преговори за состав на влада не е ништо освен политичка уцена. Ги повикува останатите партии на конструктивност и делување во интерес на државата на подолг рок.

„Зна­е­те, ние тре­ба ту­ка дол­го­роч­но да ра­бо­ти­ме и да се раз­би­ра­ме во по­зи­ти­вен дух, а не со пре­пир­ки и уце­ни, и со прис­тап од де­нес до ут­ре. Окол­нос­ти­те ќе се ме­ну­ва­ат, но ние гра­ѓа­ни­те и пар­ти­и­те ос­та­ну­ва­ме. Ам­ба­са­до­ри­те ќе си за­ми­нат по не­кое вре­ме, пар­ти­и­те во нив­ни­те зем­ји ќе се ме­ну­ва­ат, ме­ѓу­на­род­ни­те окол­нос­ти се мен­ли­ва си­ту­а­ци­ја. Дип­ло­ма­ти­те до­а­ѓа­ат и си за­ми­ну­ва­ат, ние тре­ба ту­ка да жи­ве­е­ме и да со­ра­бо­ту­ва­ме. Ко­га се до­не­су­ва­ат од­лу­ки­те, тре­ба да се мис­ли и дол­го­роч­но ос­вен крат­ко­роч­но“, потенцира Груевски

Реплицира и на тврдењето ан гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта кој во една своја изјава рече дека не сретнал Албанец кој рекол да за владеењето на Никола Груевски.

-Ал­бан­ци­те не сме ги нав­ре­ди­ле со ниш­то, а уш­те по­мал­ку сме ги по­ни­жи­ле, и за тоа го­во­рев мно­гу во мо­е­то прет­ход­но ин­тер­вју што де­но­ви­ве се об­ја­ву­ва­ше. Да­ли не­ко­го сме ири­ти­ра­ле не знам, но ако сме го ири­ти­ра­ле со неш­то, си­гур­но не би­ло на­мер­но и свес­но.

Во од­нос на тоа де­ка Беј­та не срет­нал Ал­ба­нец што ре­кол ,,да“ за вла­де­е­ње­то на Ни­ко­ла Гру­ев­ски, не мо­жам да ко­мен­ти­рам, но знам де­ка јас поз­на­вам мно­гу так­ви кои мис­лат и ана­ли­зи­ра­ат со сво­ја гла­ва, а не со сер­ви­ра­ни ин­фор­ма­ции од ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми и пла­те­ни­ци на Со­рос.  Еден од оние Ал­бан­ци што ги поз­на­вам и кој се ис­так­ну­ва­ше во тоа е ток­му Нев­зат Беј­та., вели груевски кој тврди дека токму Бејта во повеќе наврати со восхит говорел за неговото работење.

Груевски вели д ека и неговата партија има многу барања и очекувања од идниот коалициски партер.

ВМРО-ДПМНЕ ис­то та­ка има мно­гу пра­ша­ња да дис­ку­ти­ра со ДУИ во на­ред­ни­те 20 де­на. Има­ме и ние свои ба­ра­ња. Има мно­гу проб­ле­ми што ги за­се­га­ат Ма­ке­дон­ци­те и во­оп­што си­те гра­ѓа­ни или ако са­ка­те и Ал­бан­ци­те и мо­ра да ги от­во­ри­ме со нив и да ба­ра­ме ре­ше­ние. Има по­ве­ќе сла­бос­ти, ано­ма­лии, не­по­чи­ту­ва­ња за­ко­ни, не­по­чи­ту­ва­ње прет­ход­но по­ли­тич­ки до­го­во­ре­ни неш­та, сла­бос­ти што про­из­ле­гу­ва­ат од нив­ни кад­ров­ски ре­ше­ни­ја, не­со­од­вет­на при­ме­на на не­кои за­ко­ни итн. Ние има­ме долг спи­сок точ­ки за раз­го­во­ри со нив.
Ние не пла­ни­ра­ме да раз­го­ва­ра­ме са­мо за овие 2-3 ра­бо­ти. Има мно­гу пра­ша­ња што тре­ба да се рас­чис­тат. Има ог­ром­но не­за­до­вол­ство на Ма­ке­дон­ци­те што жи­ве­ат во сре­ди­ни во кои ДУИ има гра­до­на­чал­ни­ци или ка­де што мно­зинс­тво­то на­се­ле­ние се Ал­бан­ци, а мал­цин­ско­то на­се­ле­ние се Ма­ке­дон­ци, вклу­чу­вај­ќи ја и при­ме­на­та на Ох­рид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор во тие мес­та, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

И во овој разговор се осврнува на централната тема од мега интервјуто кое го објави Република а тоа е влијанието на Сорос на креирањето на политичката криза во Македонија.

Tој има и по­ди­рек­тен ли­чен ан­гаж­ман во соз­да­ва­ње­то на кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја, чиј гла­вен столб беа об­ја­ве­ни­те кре­и­ра­ни ма­те­ри­ја­ли од те­ле­фон­ски раз­го­во­ри. Ги имам ин­фор­ма­ци­и­те, но де­та­ли не са­кам да об­ја­ву­вам во овој мо­мент. Се­пак, спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те со кои рас­по­ла­гам, тој има свој ли­чен ан­гаж­ман во круп­ни опе­ра­ции по­вр­за­ни со под­го­тов­ки­те на кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја. За таа цел има ос­тва­ре­но сред­би, раз­го­во­ри и со­ра­бот­ка со пре­ми­ер на зем­ја член­ка на ЕУ и со пре­ми­ер на ед­на зем­ја ко­ја не е дел од ЕУ. Слич­на опе­ра­ци­ја има­ат нап­ра­ве­но во уш­те нај­мал­ку ед­на др­жа­ва, ние сме вто­ри, но во таа зем­ја по­и­нак­ва бе­ше так­ти­ка­та на ос­тва­ру­ва­ње­то на цел­та, от­кол­ку во Ма­ке­до­ни­ја. Не е во­оп­што слу­чај­но што да­дов спе­ци­јал­но ин­тер­вју за не­го. Кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја не е под­гот­ву­ва­на од еден цен­тар, ту­ку од нај­мал­ку два и опе­ра­тив­но е дејс­тву­ва­но од тие два цен­тра. Овој за кој го­во­рам е ед­ни­от., вели  Груевски.