Живот
12. October 2015 - 18:27

Грозно: Млади момчиња си ја снимиле смртта со телефон!

Брзото возење ги одведе во смрт. Две момчиња од Велика Британија, загинаа во сообраќајна несреќа во Ротерфилд.
 
Во несреќата загинаа 21- годишниот Мајкл Овен и Кајл Керфорд (20), кој го возел автомобилот.
 
Овен почнал да го снима својот другар непосредно пред стравичната несреќа. Момчињата биле во автомобил „Рено Клио“, а загинале кога се забиле во ѕид од локалната црква.
 
На видеото се слуша како Овен му вели на својот другар да ја намали брзината бидејќи вози со околу 150 километри на час.
 
Видеото од несреќата во јавноста ја пуштила фалмилијата на загинатиот Мајкл.