Фудбал
17. August 2017 - 10:00

Грнчаров: Да не ја испуштиме втората шанса

Капитенот на ФК Вардар Бобан Грнчаров беше извонредно расположен на вчерашната прес конференција и изрази оптимизам пред вечерашнот дуел со Фенербахче во Лига Европа. . Искусниот фудбалер на нашиот тим посакува овој пат патот до групна фаза од едно европско натпреварување да биде успешен, откако Вардарци не успеаја преку Копенхаген да напишат историја. 
 
„После првата неуспешна шанса да дојдеме до историјата на Македонија, имаме втора шанса, играме против екипа која што е најдобрата која гостувала во Скопје во последните години. Има доста добри индивидуалци и фудбалери кои со еден потег може да го решат противникот. Имаме две победи на домашен терен, се надевам и на трета. Стадионот ќе биде преполн, нашите верни навивачи „Комити“ знаат како да направат атмосфера и се надевам дека ќе им вратиме со добра игра и со победа. Сакам исто така да го поздравам и новиот тренер Чедомир Јаневски кој со неговото искуство треба да придонесе за уште подобар Вардар. Сум работел со него во репрезентација и станува збор за одличен тренер.“, рече стоперот на „црвено-црните“.