Ракомет
1. August 2017 - 18:43

Гркинките се повлекоа од дуелот мечот против Македонија

Грчката ракометна експедиција која е дел од Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години кој се одржува во Скопје, реши да се повлече од теренот во дуелот против Македонија. 

Најнапред ракометарките и стручниот штаб на грчката делегација не сакаа да излезат на теренот во СРЦ „Кале“, поради тоа што на маиците на нашиот стручен штаб пишува „Македонија“. 
 
Откако по десетина минути убедување од страна на службените лица на Европската ракометна федерација (ЕХФ) како и раководството на нашата ракометна федерација (РФМ), делегацијата на нашиот јужен сосед реши да попушти и да излезе на паркетот, сепак натпреварот не траеше долго. 
 
По нецела минута од стартот на мечот, Грците повторно решија да се повлечат во соблекувалните.
 
По службените 15-минути чекање, арбитрите решија да отсвират крај на мечот, кој ќе и припадне на Македонија со службен резултат. 
 
Македонските ракометарки пред публиката во Скопје, ќе имаат можност веќе утре да ги демонстрираат своите квалитети и тоа во дуелот против Швајцарија чиј почеток е закажан за 17 часот.