Македонија
16. September 2016 - 11:19

Грк пронајден мртов на паркингот кај „Епинал“

Вчера околу 20,15 часот во СВР-Битола, од екипа на итната медицинска помош -Битола, пријавено е дека на ул.„Димитар Илиевски-Мурато“, на паркингот во кругот на хотел „Епинал“, покрај патничко моторно возило „Хонда“, пронајден е починат В.Б.К. (1939) од Р.Грција.
 
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.
 
По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.