Македонија
14. January 2017 - 16:16

Грипот ја „вжешти“ телефонската линија на „Ало докторе“

Грипот и настинките ги вжештија телефоните на Ало докторе. Неделно и по над 1500-тини граѓани се јавувале за совет каква терапија да пијат за полесно да се опорават. Најголем дел од повиците биле за покачена температура. Помош од дежурните лекари најчесто барале мајки на болни деца, но и повозрасни лица. Деновиве и Брзата помош имала неколку интервенции кај лица со компликации од вирусот на грип и истите биле префрлени во најблиските болници.

-Прво за почачена температура, но и за компликации пред се респираторни компликации кај децата, но кај повозрасните граѓани кои најчесто бараат помош и во ноќните часови, поради гушење, грчеви... Лекарствата некогаш помагаат, но треба и време за да вирусот си помине и самиот организам не се избори, вели д-р Марина Сотировска, дежурен лекар во Брза Помош Скопје.

Официјално оваа сезона во Македонија се регистрирани околу 25.000 болни од грип, но лекарите се сомневаат дека бројката е 2 до 3 пати поголема. За да се спречи ширење на грипот здравствените власти донесоа неколку мерки, меѓу кои и продолжување на распустот на учениците до наредниот понеделник 23 јануари. Но, од друга страна епидемиолозите предупредуваат дека со покачувањето на температурите  постои дополнителна опасност за распространување на вирусот на грип.