-->
-->
Грибаускаите: НАТО во Литванија - порака за сила и единство
-->
Распоредување на сили на НАТО во Литванија испраќа силна порака дека Алијансата е силна и обединета, изјави денеска литванската претседателка Далија Грибаускаите, на церемонијата на пречек на германскиот баталјон во градот Рукла, во централниот дел на земјата.
- Никогаш порано Литванија не ги угостила воените сили со ваква големина и интегритет, истакна Грибаускаите.
На церемонијата присуствуваше и министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лејен, која изјави дека распоредувањето на тенковите и другите воени опреми јасно ставило на знаење дека Литванија не е сама.
Германската војска минатиот месец почна да испраќа со воз во Литванија 200 воени возила, вклучувајќи 30 тенкови, како и 450 војници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија