Фудбал
13. December 2017 - 9:20

Гремио прв финалист на Светското клупско првенство

Гремио прв финалист на

Шампионот на Јужна Америка, бразилскиот тим Гремио е првиот финалист на Светското клупско првенство што се игра во Обединетите Арапски Емирати.
 
Гремио во првото полуфинале по продолжение го совлада шампионот на КОНКАКАФ, Пачука од Мексико со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Евертон во 95.минута.
 
Денеска ќе се игра второто полуфинале меѓу европскиот шампион Реал Мадрид и домаќинот Ал Џазира.  
 
Финалето се игра во Абу Даби в сабота.