Балкан
22. September 2015 - 16:40

Грција пример за изборен модел во кој победникот добива бонус пратеници за стабилна влада

Засилената пропорционалност како што популарно се нарекува изборниот модел во Грција според експертската јавност во Атина ќе биде клучот за успешно владеење на старо- новиот грчки премиер Алексис Ципрас.

Делумно пропорционалниот модел кој во грција беше изгласан во 2004та а се применува од изборите во 2007ма е мешавина од пропорционалниот и мнозинскиот изборен систем. Негова главна карактеристика која го издвојува се бонус пратерниците кои ги добива партијата која освоила најголем број гласови. Грчкиот парламент има 300 пратенички места од кои 250 се добиваат според пропорционалниот систем а преостанатите 50 ги добива победникот. Системот воведува и изборен праг оид 3 проценти.

Системот има само една единствена цел- да овозможи победнмикот да формира стабилна влада која нема да биде под постојана уцена од помалите коалициони партнери.

Па така Ципрас и неговата Сириза кои на изборите освоија нешто над 35 % од вкупниот број гласови добива 145 пратенички места. Зад него според изборниот резултата е Нова демократија со 28 проценти добиени гласови. Но за нив во парламентот се резервирани 75 пратенички столчиња.

За да формира стабилна влада на Сириза и е доволна коалицијата со партијата на ултра десничарот КАменос кој освои 10 пратенички места.

Ваквиот изборен резултат според аналитичарите во Грција му гарантира на Ципрас дека може да ја спроведе својата изборна програма.

Во Макеоднија во текс е преговорите за измени на Изборниот законик кои с епозивесно ќе донесат и промени во изборниот модел. Владејачката ВМРО ДПМНЕ предложи 17  бонус пратеници за партијата која ќе победи на изборите но рпедлогот беше екпресно одбиен од опозициската СДСМ. За аналитичарите тоа беше знак дека партијата која  повеќе од 9 гоидни не е на власт не очекува победа на претстојната изборна пресметка.

Слично како во Грција, бонус пратенички местаљ обезбедуваат и изборните мдоели во Италија и Франција.