Балкан
19. January 2016 - 8:47

Грција повикува на поблиска соработка со Хрватска, Романија и Бугарија

Грција повика на поблиска соработка со Хрватска, Романија и Бугарија. Апелот беше упатен од грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас на синоќешната средба на министрите за надворешни работи на четирите балкански земји во Брисел, соопштува електронското издание во. „Етнос", пренесува БТА.

- Ова беше прва средба на четирите балкански земји кои се членки на ЕУ - Хрватска, Романија, Бугарија и Грција - за да воспоставиме една поблиска соработка за европски прашања, за европскиот пат на Балканот, да ги дефинираме заедничките барања за големи инвестициски проекти за железнички мрежи, енергетика, авгомагистрали, рече првиот грчки дипломат.

Никос Коѕиас ја истакна потребата од заеднички напори за пристапување на Западен Балкан во ЕУ. Тој истакна дека првпат се организира средба за соработка помеѓу четирите држави и додаде дека се очекува истите земји да имаат втора средба на 5 и 6 февруари во рамките на неформалниот совет на министрите за надворешни работи во Амстердам.