Бизнис
13. July 2015 - 18:15

Грција останува во Еврозоната- ЕУ лидерите одобрија пакет за помош

Грција останува во еврозоната – лидерите донесоа одлука, -  ќе и дадат нов заем во замена за ветените реформи.  По најдолгиот состанок во историјата на Европа, кој траеше 17 часа –челниците на еврозоната задоволни – решение е пронајдено, Грција ќе добие 86 милијарди евра во наредните 3 години, но под услов да ги спроведе рефермите кои Грците на референдум ги одбија.

-Грција обезбеди реконструирање на долгот и среднорочно финансирање од 35 милијарди евра, што ни обозможува останување во еврозоната. Договорот е тежок, но избегнавме финансиски крах и колапс на банкарскиот систем, изјави премиерот ан грција Алексис Ципрас.

Грците  мора да го  основаат најавениот Фонд за приватизација тежок 50 милијарди евра. Во тој фонд ќе биде обединет грчкиот  имот кој ќе се рспродава за да се отплата долговите.  фондот нема да се наога во Луксембург, како што предлагаше Германиј, туку во Атина. Грците ќе можат да искористат 25% од заработката на тој фонд за вложување и отпис на долгови. Најголем дел  од парите ќе бидат наменети за  плаќање постоечки долгови и докапитализација на банките.

-Има стриктни услови што треба да се исполнат и грчкиот Парламент треба да делува за ЕСМ програмата формално да почне. Одлуката е шанса на Грција да се врати на патеката со европските партнери, при што социјалните, економските и политичките консеквенци се избегнати од можниот негативен исход на преговорите. Конструктивно за Грција е што ќе ја врати доверба кај партнерите во Еврозоната. Еврогрупата ќе работи со институциите за преговорите да напредуваат и министрите за финансии најитно ќе дискутираат како да и помогнат на Грција да ги исполни финансиските потреби, објави претседателот на Советот, Доналд Туск.

Според Меркел – пронајдено е компромисно решение. Вели дека Европа им попуштила на Грците и тоа во делот на договорот кој се однесува на давање нови милијарди и  покрај големата  количина пари која веќе е  вбризгана во Грција.

-Од целиот процес ми се искристализира – дека добар дел од Грција сака да остане во еврозоната, како и дека во грчкиот парламент постои мнозинство кое е спремно да го подджи процесот на реформи, изјави Меркел.

-Од почетокот на овој т.н. грчки случај, Европската комисија повторуваше постојано дека нема да прифатиме никаква форма на „грекзит“ и сега немаме такво нешто, ниту формално, ниту супстенцијално и ние сме задоволни. ЕК водеше грижа за една димензија на проблемот, а тоа е пред се потребата за фискална консолидација и напори од Грција. Не треба да заборавиме дека Грција има потреба од раст и создавање на работни места. Среќен сум што грчкиот предлог од 35 милијарди евра за помош на грчката економија е прифатен, изјави претседателот на Комисијата, Јункер.

Грција ја чекаат сериозни реформи на пазарот на труд, пензискиот систем и даночната политика. Еврогрупата попладнево ќе одлучува за краткорочно, преодно финансирање, додека не се изгласа новиот договор во грчкиот парламент. најдоцна до среда.