Грција официјално побара нов заем од ММФ
Грција синоќа упати официјално барање до Меѓународниот монетарен фонд за добивање нов заем, и тоа во момент кога претставници на грчката Вчада во повеќе наврати повторија дека во текот на денот Атина ќе почне преговори со кредиторите за одобрување 86 милијарди евра вреден пакет помош за Грција, јави Танјуг.
- Би сакале да ве известиме дека бараме нов заем од Меѓународниот монетарен фонд, напиша министерот за финансии на Грција Еуклид Цакалотос, на директорката на ММФ Кристин Лагард.
Претставници на еврпопските кредитни институции допатуваа во Атина заради придвижување на разговорите за третиот пакет помош за Грција.
ММФ бара грчкиот товар од долгот да биде намален на одржливо ниво, но таквиот предлог на Фондот наиде на противење на европските партнери.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо