Балкан
5. October 2016 - 15:42

Грција од 9 до 13 октомври без цивилен воздушен сообраќај поради штрајк

Сите летови од и до Грција се откажани од 9 до 13 октомври поради 24-часовни штрајкови на контролорите на воздушниот сообраќај.

Контролорите протестираат против предлог-законот за реструктуирање на цивилното воздухопловство кој синоќа беше поднесен во Парламентот.

Според синдикатот на контролорите на воздушниот сообраќај, штрајковите ќе почнуваат во 00:01 часот и ќе завршуваат во 23:59 часот.