Балкан
26. September 2017 - 12:35

Грција мора да спроведе дополнителни реформи, велат меѓународните претставници

Само дополнителни реформи и национален план за економски развој можат да и помогнат на Грција да излезе од долгогодишната економска криза, изјавија учесниците на конференцијата организирана во Атина од списанието „Економист“. 

Во дискусиите, во кои учествуваа и поранешниот холандски министер за финансии Јерун Дејселблум како и поранешниот американски секретар Џек Лу. беше заклучено дека дополнителни кратења на расходите во Грција нема да помогнат за економски развој.

Според Лу, Грција мора ефикасно да ги споведува договорените реформи, да го реформира даночниот систем и да почне со објавување на јавниот долг.

Дејселблум, кој е претседател на Еврогрупата и е директно ангажиран во спроведувањето на грчките реформи, потсети дека Грција се уште се соочува со проблеми при имплементирање на договорените програми.